Достапни линкови

ИД го контролира сирискиот град Палмира


Сириски активисти јавија дека милитантите на Исламската држава го контролирале скоро целиот град Палмира чии антички урнатини се под заштита на УНЕСКО, откако сириските владини сили го напуштиле градот. Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Британија соопшти дека повеќето од цивилното население било евакуирано пред милитантите да влезат во градот. Милитантите на Исламската држава кои имаат освоено големи делови во Сирија и Ирак во минатата година уништија неколку антички места.

XS
SM
MD
LG