Достапни линкови

logo-print

Митов: Бугарија ќе биде гарант на македонската независност


Бугарија ќе биде гарант на македонската независност и територијален интегритет. Ова се наведува во соопштението на бугарскиот министер за надворешни работи Даниел Митов објавено вчера. „Стабилноста на сите земји од Југоисточна Европа е од приоритетна важност за Бугарија и таа, без сомневање ќе продолжи да биде гарант на независноста и територијалниот интегритет на Македонија“, вели министерот Митов, потсетувајќи дека Бугарија била првата што ја признала македонската независност и оти нејзината одлука била клучна за стабилноста на Југоисточна Европа.

XS
SM
MD
LG