Достапни линкови

logo-print

Помошник генералниот секретар на ОН, Шимоновиќ во Македонија


Помошник генералниот секретар на Обединетите нации за човекови права Иван Шимоновиќ од денеска ќе престојува во дводневна посета на Македонија. Во Женева е соопштено дека тој притоа ќе разговара за политичката ситуација во земјата. Шимоновиќ ќе биде прв висок претставник за човекови права на Светската организација што ја посетува Македонија од 1999 година. Тој ќе биде придружуван од неговите колеги во одделот за политички работи.

XS
SM
MD
LG