Достапни линкови

Ховит-Разговорите пролонгирани, ризик од политичка нестабилност


Европратеникот Ричард Ховит пред ЕП изложи неколку свои видувања за политичката криза во Македонија. Меѓу другото тој бара и политичка одговорност за прислушувањето.

Европратеникот и поранешен известувач за Македонија, Ричард Ховит денеска изјави дека последниот состанок меѓу премиерот Никола Груевски и лидерот на СДСМ, Зоран Заев во Стразбур бил пролонгиран поради спорни прашања, но сепак завршил со заложба за европска перспектива и ќе продолжи.

Ховит кој е и медијатор во преговорите говорејќи пред ЕП порача дека има неколку свои видувања за состојбата во Македонија.

Според него, едностраните повици за прекин на парламентарниот бојкот без да се преземат решителни мерки за да се адресираат недостатоците на институциите не е меѓупартиско решение и затоа тоа не е одговорот.

Јас постојано предупредувам дека неуспехот на Европа да ги започне преговорите е ризик за враќање на конфликтот и овој смртоносен напад е трагичен и итен потсетник дека ова предупредување мора да биде слушнато.

Ховит наведува и дека неговата група, односно партијата на спцијалдемократите никогаш не поддржувала парламентарен бојкот или пак објавување на прислушувани разговори, па така и членот на Европската народна партија Едвард Кукан треба да ја покаже истата дисциплина со тоа што нема да ја обвинува опозицијата или неговата партија со цел заедно да успеат.

Ховит порачува и дека никој не сугерирал оти прислушуваните разговори кои ја предизвикаа кризата се целосно фабрикувани и оти ЕП треба да го поддржи демаршот на амбасадорите на ЕУ затоа дека треба да постои одговорност за откриеното во нив.

Тој смета и дека реформите за неколку прашања кои предизвикале загриженост, како судството, медиумите, изборните практики, граѓанското општество се веќе дел од извештаите од напредокот на земјата, акциските планови и дијалогот на високо ниво, по што треба да се демонстрира свежа посветеност за нивно адресирање, односно мора да се демонстрира зошто овој пат ќе биде поинаку.

На крајот тој порачува дека никој не е над законот, но доколку опозицискиот лидер биде ставен во затвор, нивната солидарност не само што ќе биде со него, туку и самиот поим на демократијата во земјата ќе биде ставен под знак прашалник.

Ховит нагласува и дека го посетил местот каде се случи нападот во Куманово и оти семејствата кои ја преживеале траумата и биле сведоци на настанот.

„Ние сите се надеваме дека овој еден настан нема да има последици по внатрешните етнички односи, но семејствата со кои се сретнав ми кажаа дека веруваат оти настанот е поврзан со распаѓањето на политичката стабилност“, вели Ховит.

Според него, тоа е недостиг на доверба, која самата по себе е опасна.

„Јас постојано предупредувам дека неуспехот на Европа да ги започне преговорите е ризик за враќање на конфликт и овој смртоносен напад е трагичен и итен потсетник дека ова предупредување мора да биде слушнато“, додава Ховит.

Ховит смета дека тоа што се случи во Куманово и земјата можеби не е на директна одговорност на Европа. Но според него, доколку тие очекуваат од политичките пратии да ги прифатат нивните одговорности, тие разумно е да очекуваат и Европа да ја прифати сопствената одговорност.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG