Достапни линкови

Убиени 13 милитанти во Пакистан


Пакистанската војска соопшти дека најмалку 13 милитанти биле убиени во воздушен напад на пет нивни засолништа во северозападниот регион на покраината Северен Вазиристан. Според војската, нападите биле извршени во близина на селото Дата Хел. Војската спроведува низа големи операции против локални и странски милитанти од јуни минатата година.

XS
SM
MD
LG