Достапни линкови

Хаменеи не дозволува посета на меѓународни инспектори на Иран


Иранскиот врховен лидер Ајатолахот Али Хаменеи

Иранскиот врховен лидер Ајатолахот Али Хаменеи

Иранскиот врховен лидер Ајатолахот Али Хаменеи ја отфрли можноста на меѓународните нуклеарни инспектори да им биде дозволено да ги посетат воените објекти или да ги испрашуваат нивните научници. Државни медиуми јавија дека Хаменеи изјавил оти Иран нема да прифати неразумни барања за време на преговорите за нуклеарната програма на земјата. Неговиот коментар доаѓа додека траат преговорите меѓу Иран и шесте светски сили за постигнување нуклеарен договор до крајниот рок на 30 јуни.

XS
SM
MD
LG