Достапни линкови

logo-print

Порошенко-Украина е во „вистинска војна“ со Русија


Украинскиот претседател Петро Порошенко

Украинскиот претседател Петро Порошенко

Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави дека неговата земја сега е во „вистинска војна“ со Русија и дека граѓаните треба да се подготват за руската офанзива. Во интервју за БиБиСи тој порача и дека не му верува на рускиот претседател Владимир Путин, но оти морал да преговара со него, бидејќи немал друга опција.

Порошенко рече и дека се плаши оти во некои делови од источна Украина нема да можат да ја преземат контролата од сепаратистите преку воени методи, туку ќе бидат потребни дипломатски напори. Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков изјави дека Киев пропагира војна против своите граѓани.

XS
SM
MD
LG