Достапни линкови

logo-print

Во централното градско подрачје цената за паркирање е зголемена за 10 денари, па наместо 30, сега чини 40.Одлуката ќе почне да се применува од први јуни и истата ќе важи до крајот на август.

Нови цени за паркирање ќе ги дочекаат туристите кои ова лето ќе престојуваат во Охрид. Во централното градско подрачје цената за еден час ќе изнесува 40 денари, наместо досегашните 30 денари. Одлуката ќе почне да се применува од први јуни и истата ќе важи до крајот на август. Наспроти градските власти кои ваквиот потег го оценуваат како позитивен, охридската опозиција го мисли спротивното.

Ова е одлука која директно влијае на џебот на граѓаните, а со ова праќаме лоша порака на целата македонска јавност, како и во минатото, дека Охрид е скап град, со оглед дека одлуката се носи пред почетокот на туристичката сезона.

Јоне Станкоски од ВМРО-НП вели дека ова не е добро за Охрид и туризмот.

„Ова е одлука која директно влијае на џебот на граѓаните, а со ова праќаме лоша порака на целата македонска јавност, како и во минатото, дека Охрид е скап град, со оглед дека одлуката се носи пред почетокот на туристичката сезона. Очигледно е дека оваа локална самоуправа не се учи на грешките на минатата локална самоуправа, која губењето на локалната власт беше и поради темата паркинзи, кога паркинзите беа дадени на концесионер“, рече Станкоски.

Станкоски вели дека Јавното претпријатие Билјанини извори кое стопанисува со паркинг просторите во Охрид, самостојно треба да набави систем за наплата, а не тоа да го прави по пат на јавно приватно партнерство.

Општина Охрид спроведува покачување на цената за паркирање во летната сезона со цел да го регулира одвивањето на сообраќајот во летните месеци кој е за седум до десет пат поголем во однос на она што го има во месеците надвор од сезона.

Дејан Блажески советник од ЛДП ваквата одлука ја смета како непопуларна бидејки доаѓа пред почетокот на туристичката сезона.

„Смешно беше образложението дека тоа ќе ја растерети гужвата во градот. Ова ќе биде дополнително оптеретување на граѓаните имајќи ја во предвид целата ситуација која се случува во Македонија. Со оваа цена имале за цел да покријат некои паркинг места кои ќе ги изгубеле поради токот на туристи“, рече Блажески.

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески вели дека зголемувањето на цената ќе значело зголемување на 30 отсто на приходите на Јавното претпријатие во месец јуни и 50 до 100 проценти во јули и август.

„Општина Охрид спроведува покачување на цената за паркирање во летната сезона со цел да го регулира одвивањето на сообраќајот во летните месеци кој е за седум до десет пат поголем во однос на она што го има во месеците надвор од сезона. Ние сме убедени дека покачување на цената ќе има и соодветно зголемување на приходите во Јавното претпријатие Билјанини извори“, рече Бакрачески.

Опозицијата смета дека не држи образложението на власта за зголемувањето на цената на паркинзите во Охрид.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG