Достапни линкови

logo-print

Лавров: Русија сака да соработува со Западот


Сергеј Лавров, Москва, 20.05.2015

Сергеј Лавров, Москва, 20.05.2015

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров изрази готовност за соработка со Западот од заеднички интерес. Обраќајќи се во горниот дом на рускиот парламент, Лавров изрази надеж дека Вашингтон ќе го искористи своето влијание врз Киев да не влегува во, како што рече, нови воени авантури.

За време на вчерашната посета на Брисел, Лавров ја предупреди Европската Унија да не превзема чекори кои се на штета на интересите на Русија.

Односите на Западот со Русија се на најниско ниво од времето на Студената војна, откако Русија го анектираше украинскиот полуостров Крим во март, минатата година.

XS
SM
MD
LG