Достапни линкови

ОН го осудија нападот врз руската амбасада во Дамаск


Советот за безбедност на Обединетите нации остро го осуди, како што се наведува, „терористичкиот напад“ врз руската амбасада во сирискиот главен град Дамаск. Врз амбасадата биле истрелани две минофрлачки гранати, но во нападот никој не бил повреден. Се наведува дека проектилите дошле од населбата Џобар која е контролирана од илегални вооружени групи. Руската амбасада во Дамаск досега била цел на неколку слични напади. Москва е силен поддржувач на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад.

XS
SM
MD
LG