Достапни линкови

Туск: Грузија, Молдавија и Украина имаат право на „европски сон“


Доналд Туск

Доналд Туск

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск изјави дека поранешните советски републики како Грузија, Молдавија и Украина имаат право да станат членки на Европската унија, но оти тој нема да испраќа „празни ветувања за иднината на нивното интегрирање. Тој во интервју за Радио Слободна Европа пред самитот на Унијата посветен за источното партнерство, изјави дека оваа програма никогаш не била и гаранција за членство во Европската унија. Во подготовките на самитот што утре почнува во Рига овие три земји ја обвинија Унијата дека не успеала да обезбеди јасен став за нивното потенцијално вклучување во европското семејство.

XS
SM
MD
LG