Достапни линкови

Над 10 часа разговори меѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ во Стразбур


Разговорите кои се водеа во Стразбур меѓу делегацијата на ВМРО ДПМНЕ предводена од претседателот на партијата и премиер Никола Груевски и делегацијата на СДСМ предводена од претседателот на партијата Зоран Заев, траеле до раните утрински часови, односно до околу 3 часот и 30 минути, јавува дописникот Тони Гламчевски од Стразбур наведувајќи дека ништо не било соопштено од овие разговори. Тие се водеа со посредништво на евро пратениците Иво Вајгл, Едуард Кукан, Ричард Ховит и еврокомесарот за соседска политика Јоханес Хан. Двете делегации, заедно со нивните олеснувачи, се договориле изутринава да излезат со заедничко соопштение за содржината на разговорите. „Средбата не беше залудна и вредеше што се одржа“, оцени известувачот за Македонија при ЕП, Иво Вајгл.

XS
SM
MD
LG