Достапни линкови

logo-print

Орав-Видовме позитивни нешта во изминатиот период


Евроамбасадорот Аиво Орав

Евроамбасадорот Аиво Орав

Евроамбасадорот Аиво Орав изјави денеска дека Европската Комисија веќе шест пати дала препорака да се почнат преговорите со Македонија, но тоа не било возможно бидејќи немало консензус меѓу земјите членки. Според него, во последните неколку месеци се обидуваат да најдат позитивни нешта, бидејќи веќе се пишува извештајот за напредокот на земјата. Тој порача дека позитивно е тоа што претседателот го свика Советот за безбедност на кој сите политички партии беа застапени, потоа дека протестите во текот на викендот беа мирни, како и тоа дека политичките лидери почнаа да разговараат едни со други. Тој изрази надеж и дека нешто позитивно ќе излезе и од состанок во Стразбур меѓу премиерот и лидерот на опозицијата.

Орав заедно со вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими денеска се обрати на првата пилот-дебата на тема „Европската унија треба да се прошири за да ги вклучи земјите од Западен Балкан“, во рамки на дебатниот натпреварувачки циклус насловен ЕУ Ѕвезди, во организација на Секретаријатот за европски прашања.

XS
SM
MD
LG