Достапни линкови

logo-print

Вучиќ-ЕУ не одговара соодветно на постигнатото на Србија


Српскиот премиер Александар Вучиќ

Српскиот премиер Александар Вучиќ

Српскиот премиер Александар Вучиќ изјави дека неговата земја е уморна од трпението што го покажува кон Европската унија. Според него, Србија направила и постигнала многу, а ЕУ на тоa не одговара соодветно. Тој нормализирањето на односите со Приштина го оцени како многу голем проблем, но порача и дека Белград ќе продолжи со разговорите.

Вучиќ за време на гостувањето на телевизијата „Еуроњуз“ нагласи и дека негова работа е да се грижи за интересите на државата и да направи нешто за доброто на неговиот народ, при што не е важно дали тоа се вклопува во нечиј начин на размислување.

XS
SM
MD
LG