Достапни линкови

logo-print

Столтенберг-Русија да ја прекине поддршката на бунтовниците


Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столенберг

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столенберг

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров му пренел оти Москва мора да ја прекине поддршката на сепаратистите во источна Украина. Тој зборуваше по средбата со Лавров во Брисел на маргините на сесијата на комитетот на министри при Советот на Европа.

Столтенберг рече и дека го информирал Лавров оти е загрижен за зголемениот број на воени вежби од страна на Русија за кратко време. Тие разговарале и за потребата од транспарентност, особено кога има зголемено воено присуство на границите. Според него, за НАТО е важно да направи се што може со цел да се избегнат инциденти кои би излегле надвор од контрола.

XS
SM
MD
LG