Достапни линкови

logo-print

Алергичен е секој деветти Македонец


Ако во минатото во светот еден процент од луѓето имале алергии, денес 12 проценти од луѓето имаат склоност кон алергии. Слична е состојбата и во Македонија, каде што секој деветти граѓанин е алергичен на нешто.

Расте бројот на пациенти кои се жалат на алергии во споредба со статистиките од минатите години, вели д-р Олга Лозановска, специјалист интернист во битолската Клиничка болница. На трибината на оваа тема што деновиве се одржа во Битола, беше истакнато дека секој деветти Македонец се жали на проблеми со здравјето предизвикани од алергиски промени, а посебно во подем овој период од годината се алергиите на полен.

Ако во светот во минатото еден процент од луѓето ги имале овие алергии, денес 12 проценти од луѓето имаат склоност кон алергии. Во нашата држава 11,5 проценти од населението има алергија од некој одреден алергенс, а тоа значи дека од девет лица едно е склоно кон алергија.

„Ако во светот во минатото еден процент од луѓето ги имале овие алергии, денес 12 проценти од луѓето имаат склоност кон алергии. Во нашата држава 11,5 проценти од населението има алергија од некој одреден алергенс, а тоа значи дека од девет лица едно е склоно кон алергија“, вели Лозановска.

Порастот на бројот на пациенти со алергии се должи пред сè на климатските промени, загадувањето на воздухот, нездравата храна и на други фактори.

Максимум 70 проценти генетскиот фактор игра голема улога за нивна појава, меѓутоа во последните години глобалното затоплување, загадувањето на воздухот придонесува да се зголеми бројот на лица кои се склони кон алергии.

„За алергиите, како и за многу други заболувања, максимум 70 проценти генетскиот фактор игра голема улога за нивна појава, меѓутоа во последните години глобалното затоплување, загадувањето на воздухот придонесува да се зголеми бројот на лица кои се склони кон алергии“, додава докторката.

Ваквата нагорна статистика ги загрижува и здравствените работници во светот. Во последните години се прават истражувања со цел откривање на причините и можностите за олеснување на симптомите, како што се јадеж во очите и носот, кашлица, кивање, а понекогаш и појава на астма.

„Во Италија правеле студија во период од шест години, каде забележале дека секоја следна година поради зголемување на периодот на изложеност на поленовата прашина се зголемува не само бројот на лицата кои се алергични, туку и симптоматологијата се влошува. Ако порано имале полесни симптоми, сега се појавуваат потешки форми на алергиско заболување“, вели Лозановска.

Истражувањата покажуваат дека алергиите не се лекуваат, па превентивата е таа што може да помогне во олеснување на симптомите. Алергиите на полен најчесто ги предизвикуваат брезата, јасенот, буката, леската и багремот. Препорачливо е да се избегнуваат прошетки во природа и проветрување на просториите во раните утрински часови зашто во тој период од денот концентрациите на полен се најголеми.

  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG