Достапни линкови

Осудени 11 полицајци во Авганистан


Авганистанскиот суд осуди 11 полицајци на една година затвор затоа што не успеале да го спречат убиството на една жена во Кабул. Други осум полицајци беа пуштени на слобода поради недостиг на докази. Осудените полицајци беа меѓу 49 лица обвинети за нападот врз 27 годишната девојка Фарахунда. Толпата ја претепа девојката до смрт поради тоа што таа наводно го запалила куранот. Нејзиното убиство предизвика протести низ земјата и привлече меѓународно внимание за третманот на жената во Авганистан.

XS
SM
MD
LG