Достапни линкови

logo-print

Во Тирана состанок на министрите за внатрешни работи од Балканот


Тирана

Тирана

Во Тирана денеска почнува дводневна средба на министрите за внатрешни работи од Западен Балкан на која ќе се дискутира за тероризмот, соработката за негово спречување, како и за други безбедносни прашања. На средбата, која следува по онаа организирана минатиот месец во Вашингтон од страна на американскиот Стејт департмент, ќе учествуваат претставници, освен од државите од западен Балкан и делегации од ЕУ и САД. Во Тирана за таа цел престојува американскиот заменик државен секретар за цивилна безбедност Сара Севал.

XS
SM
MD
LG