Достапни линкови

Американски дипломати во Москва


Викторија Нуланд

Викторија Нуланд

Двајца високи американски дипломати вчера престојуваа на разговори во Москва, за прв пат во изминативе неколку месеци. Американскиот помошник државен секретар за Европа Викторија Нуланд со високи руски претставници разговараше за начините за спроведување на примирјето во Украина. Притоа, како што е соопштено, станало збор за конкретни чекори во поддршката на мировниот процес. Во исто време во Москва специјалниот американски пратеник за Сирија Даниел Рубенштајн имал состаноци во руското министерство за надворешни работи за создавање услови за политичка транзиција во Сирија.

XS
SM
MD
LG