Достапни линкови

Шиитска контраофанзива во Рамади


Илјадници шиитски борци пристигнале во една воена база во близина на Рамади во подготовка на, како што велат, контраофанзива со цел враќање на овој ирачки град кој деновиве беше освоен од милитантите на Исламската држава. Шефот на Советот на сунитската провинција Анбар Сабах Кархут за Радио Слободна Европа изјави дека сите советници гласале за распоредувањето на шиитските борци во справувањето со милитантите. Обединетите нации соопштија дека од градот избегале над 25 илјади луѓе и оти во борбите загинале околу 500 цивили

XS
SM
MD
LG