Достапни линкови

Вашингтон со повик за соработка меѓу лидерите во Македонија


портпаролот на Стејт департментот Џеф Ратки

портпаролот на Стејт департментот Џеф Ратки

„Будно ги следиме настаните во Македонија и заедно со европските партнери остануваме во блиска консултација со владата и со политичките лидери во земјата за да ја пренесеме нашата загриженост за политичката криза“. Ова го изјави портпаролот на Стејт департментот Џеф Ратки на синоќешниот брифинг, на прашањето во врска со оценката на сенаторот Крис Марфи дека политичката криза во Македонија е потсетник оти официјален Вашингтон не смее да ги земе мирот и стабилноста на Балканот здраво за готово. „Ги повикуваме сите страни да ги почитуваат правата на слобода на собирање и мирен протест и да се воздржат од насилство. Ги повикавме властите да остварат напредок во утврдувањето на одговорност во врска со наводите за владини престапи што потекнаа од неодамнешните обелоденувања. Исто така, ја повикавме опозиционата партија да се врати во Собранието за да може да учествува во зајакната собраниска контрола врз институциите на македонската Влада, меѓу што и во комисијата за истрага на обелоденувањата“, изјави Ратки.

XS
SM
MD
LG