Достапни линкови

Провладин контра-камп пред Собранието


По завршувањето на народниот собир на ВМРО-ДПМНЕ дел од присутните останаа да спијат спроти зградата на Собранието. Тие, како што јавуваат медиумите, ќе останеле во кампот да ја бранат демократијата и изборната волја на мнозинството гласачи. Истакнуваат дека Собранието е симбол на државноста, а дека ќе останат се додека не се отфрли во целост загрозувањето на државните и националните интереси кое го правеле СДСМ и Сорос.

Вчера, пак, по завршувато на антивладиниот протест, дел граѓани останаа да спијат во импровизиран камп пред владата се додека премиерот Груевски не си поднесе оставка.

XS
SM
MD
LG