Достапни линкови

Голем провладин собир во Скопје


Десетици илјади граѓани излегоа на собирот во организација на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија. Собирот под мотото „Македонија силна“ се одржува пред македонското Собрание. Бината е сместена пред порта „Македонија“, а долж улицата има поставено висока ограда. Во првите редови може да се забележат министри, градоначалници, како и лидери на помалите партии кои се во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. На собирот присуствуваат и поранешната министерка Гордана Јанкулоска и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, кои неодамна си поднесоа оставки. Луѓето присутни на собирот носат македонски знамиња, како и партиски симболи, а тие можат да се забележат и на околните згради. Цело време ечат зурли и тапани, а се пуштаат и македонски патриотски песни. Собирот почна со македонската химна во изведба на Калиопи. Овој собир се одржува ден по анти-владиниот протест за оставка на Владата и додека пред владината зграда кампуваат луѓе кои бараат оваа власт да си замине.

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, деновиве изјави дека собирот има за цел ја покаже поддршката на државата во овие тешки моменти, да даде поддршка за сите кои се борат за Македонија, за безбедносните сили, за сите сили кои прават напори Македонија да излезе од оваа криза.

XS
SM
MD
LG