Достапни линкови

Разговорите за излез од кризата далеку од преговори


Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека нема отпочнување на дијалог се додека не бидат исполнети барањата на опозицијата. Груевски не даде изјава по лидерската средба. Следната средба е закажана за 26 овој месец.

Лидерската средба во Клубот на пратениците заврши без приближување на спротивставените позиции, а следната средба е закажана за 26 овој месец.

Логично беше исчекувањето да видиме дали има предлози од Старзбур. Тоа е една од причините зошто би закажале нов термин, кога денеска нема исчекори. И втората причина е да дадеме шанса на дијалогот. Ако има идеи од пратениците од Стразбур тогаш може да се случи некој напредок.

Главните политички субјекти Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи, по првата лидерска средба во четвртокот повторно имаа разговори на кои присуствуваат амбасадорот на САД Џес Бејли и на ЕУ Аиво Орав, а утре Заев и Груевски патуваат во Стразбур на средба со европратениците.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека нема отпочнување на дијалог се додека не бидат исполнети барањата на опозицијата за формирање на преодна влада, која преку демократски институции ќе организира фер и транспарентни избори.

„Нашиот став е јасен, бараме формирање на преодна влада, што е доволно широк термин и дава повеќе алтернативи. Таа преодна влада може да биде технократска од администрацијата, експертска, составена од експерти, може да биде и политичка. Ние го аргументираме нашето барање како независна институција која ќе биде влада во одреден период, заради враќање на сите состојби во нормала и подготовка на Македонија за предвремени парламентарни избори“, рече Заев.

Секако и ДПА ќе има и свои точки за кои би се разговарало, овие точки ќе се договараат во телата на нашата партија.

Од СДСМ велат дека преодна влада е единствено решение и оти на масата за преговори имаат нерамноправна позиција со оглед дека, како што велат, институциите ги контролира Груевски. На маса во клубот на пратениците бил ставен и предлог од ДУИ за формирање работни групи и тоа бил заеднички предлог со ВМРО-ДПМНЕ и ДПА

Премиерот Груевски замина по средбата во Клубот на пратениците, без да даде изјава, но од партијата најавија дека неговиот става тој треба да го каже на народниот собир.

Луан Треси од ДПА, рече дека на лидерската средба ДПА излегла со неколку предлози, но засега нема детали дали од тие предлози нешто е прифатливо или не.

„Секако и ДПА ќе има и свои точки за кои би се разговарало, овие точки ќе се договараат во телата на нашата партија.“

На прашање што може да се очекува на 26 Мај кога денеска нема поместување, Заев рече дека продолжуваат разговорите, а дали ќе има преговори зависи од тоа дали ќе се утврди рамката кога би се влегло во тие преговори.

„Логично беше исчекувањето да видиме дали има предлози од Старзбур. Тоа е една од причините зошто би закажале нов термин, кога денеска нема исчекори. И втората причина е да дадеме шанса на дијалогот. Ако има идеи од пратениците од Стразбур тогаш може да се случи некој напредок“, рече Заев.

Утрешниот разговор во Стразбур треба да се одржи попладне со неколку европратениците меѓу кои и Ричард Ховит кој е поранешен известувач за Македонија.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG