Достапни линкови

Порака од кампот - „Збогум Никола“


Прв ден камп - протест пред влада
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:35 0:00

Луѓето кои кампуваат пред владата велат дека ќе останат таму се додека премиерот Никола Груевски не си замине. Денешната програма во кампот е со работен наслов „Збогум Никола“.

Неколку десетици граѓани и активисти утринава го пиеја утринското кафе и појадуваа во кампот пред зградата на Владата, откако одлучија во шатори да ја поминат ноќта по завршувањето на вчерашните антивладини протести кои ги предводеше опозициската партија СДСМ.

Нашата цел е да останеме овде до крајот, се додека господинот Груевски не си даде оставка. Вечерта бевме во комуникација со сите народи и народности што се тука дојдени за поддршка на овој фронт во борба за ослободување на Македонија. Со сите овие нации цела ноќ бевме во друштво и цела ноќ разговаравме.
Боре Крстев, Велес.

Граѓаните во кампот велат дека кога целта е поставена, не е тешко да се кампува пред Владата.

„Нашата цел е да останеме овде до крајот, се додека господинот Груевски не си даде оставка. Вечерта бевме во комуникација со сите народи и народности што се тука дојдени за поддршка на овој фронт во борба за ослободување на Македонија. Со сите овие нации цела ноќ бевме во друштво и цела ноќ разговаравме“, вели Боре Крстев од Велес.

И негов сограѓанин надополнува дека остануваат пред Владата со намера што побргу, како што вели, да го испратат последниот диктатор на Балканот и верува оти тоа бргу ќе се случи.

„Вечерта овде се разговараше главно за едно, да си оди Груевски и неговата тајфа, да го ослободат македонското население од узурпацијата и лоповлукот на огромните милиони, и не милиони, туку милијарди евра коишто се одлеаја настрана. Очекуваме брза разврска за одење. Според мојата проценка, јас им давам недела дена“, вели граѓанин од Велес.

Граѓанин од Општина Петровец раскажува дека вечерта во кампот ја поминале со добро друштво, разговарајќи за она што најмногу го посакуваат – слободата.

„Ова не е демократска држава. Нашиот премиер мисли дека е во античко време, во римско царство. Дека тој е како римските сенатори, а ние граѓаните робови и гладијатори. Како во Куманово, Али Ахмети и Никола Груевски ги тераат своите гладијатори да се борат за нивните лични богатства или интереси. Ние сме робови на овој систем во кој живееме. Затоа додека не се ослободиме ќе седиме овде.“

Организаторите на кампот попладнево на прес-конференција соопштија дека денешната програма во кампот е со работен наслов „Збогум Никола“ и за вечерва пред зградата на Владата најавија музички настапи и обраќања на јавни личности. Ден по антивладиниот протест владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ вечерва во 20 часот пред Собранието ќе одржат народен собир под мотото „Македонија силна“.

  • 16x9 Image

    Владимир Калински

    По завршувањето на студиите по новинарство започна да работи во А2 телевизија каде што известуваше за политички, економски и социјални теми. Потоа беше ангажиран во македонската редакција на Радио Дојче Веле во Бон. Во последниве неколку години работи во Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG