Достапни линкови

logo-print

Втора лидерска средба во Скопје


Во Клубот на пратениците во Скопје попладнево почна втората средба на лидерите на четирите најголеми партии Никола Груевски од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев од СДСМ, Али Ахмети од ДУИ и Мендух Тачи од ДПА, за изнаоѓање решение за излез од политичката криза во Македонија.

Како и на првата средба во четвртокот, како набљудувачи и овој пат се присутни амбасадорите на САД и на ЕУ Џес Бејли и Аиво Орав.

Премиерот Груевски и денеска е придржуван од министерот за надворешни работи Никола Попоски, Зоран Заев од Рената Дескоска Треневска, Али Ахмети од Артан Груби, а Мендух Тачи од Луан Треси.
Средбата се одржува зад затворена врата и без можност за фотографирање.

XS
SM
MD
LG