Достапни линкови

Македонија силна!


Владимир Нелоски, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.
Владимир Нелоски, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

Нема да дозволиме да се вратат мрачните деведесетти каде што се случуваше сè најлошо, пишува претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Нелоски во младинската он-лајн колумна на Радиос Слободна Европа.

Оваа колумна би сакал да ја започнам со изразување на огромна почит кон загинатите припадници на специјалните сили, кои храбро ги положија своите животи за да можеме ние безбедно да живееме во нашата држава. Со исто толку голема почит и до сите оние кои што учествуваа во акцијата во кумановското Дива Населба, кои своите животи ги ставија на ризик и на браникот на татковината. Почит и за докторите кои ги донираа своите бонуси за полицијата. Искрено сочуство за семејствата на загинатите херои, ќе бидат запаметени и славени од целиот народ.

Опозицијата се спрема за некое чудно сценарио за кое спомнува и багери и булдожери небаре ќе го градат ГЛОБАЛ во Струмица одново, демек ќе спиеле во шатори пред Владата сè додека не паднела.

Не можам, а да не споменам дека ми се гади од одредени ликови кои ја омаловажуваа полицијата. Нив нема народот што да им суди, нив ќе им суди нивната заслепеност за да се доберат до власта по секоја цена и да се плука по се она што вреди сè со цел да си ги оправдаат КРВАВО заработените пари од нивниот драг пријател Сорос, пари облеани во крв. Не само мене, на сите ни се гади, да си знаете!

Имавме доволно бурна една цела недела за да можеме сега да ги сумираме нашите впечатоци од целата ситуација. Имавме една цела недела за да ги видиме лицата на сите оние на кои им паднаа маските и кои целото ова време се обидуваа да сеат магла во ветер. Се сложувам дека бевте торпедирани од секакви вести од страна на одредени медиуми и тоа доволно ви беше збунувачко. Но, еве помина, и маглата се расчисти и еве сега јасно се гледа кој цело време бил чија продолжена рака, кој за чии интереси работел, кој од чии пари плата земал за да глуми „граѓански активист“.

Опозицијата се спрема за некое чудно сценарио за кое спомнува и багери и булдожери небаре ќе го градат ГЛОБАЛ во Струмица одново, демек ќе спиеле во шатори пред Владата сè додека не паднела. Шаторите инаку се оние истите за кои СДСМОВСКИОТ пленум на средношколци доби наредба да ги спакува, за да може да се проветрат и да се стационираат пред Владата на Илинденска ББ. СДСМОВСКИОТ пленум на студенти ќе се собирал пред платото на УКИМ па потоа ќе марширале во името на слободата и демократијата сè до пред Владата. За истата онаа слобода и демократија за која тие се „бореа“додека 80 отсто од студентите не се согласуваа со нив и сакаа да учат и беа против бојкотот. Овие ќе протестирале на чело со аболицираниот нивни водач за враќањето на демократијата и слободата во рацете на народот. Ама го разбираме, тој најубаво знае што значи слободата, бидејќи беше аболициран за криминал тежок 8 милиони евра. Ќе протестирале за криминалот којшто народот сè уште го бара во таканаречените бомби и им се чуди на СДС, а пред да протестираат се прават слепи и глуви и не сакаат да ја видат менувачницата на Виц’то и свињарнико на Мирчо и не сакаат да чујат каде оди едното евро, а каде другото евро. Ќе протестирале против полициската бруталност, а загинаа 8 херои за тие да можат мирно да протестираат и во мирнодопски услови.

Од друга страна, над 90 илјади граѓани се спремаат да бидат дел од најмасовниот собир кој воопшто се случил во Република Македонија. Над 90 илјади граѓани кои ја поддржуваат полицијата и се против дестабилизацијата на Македонија. Над 90 илјади граѓани кои не ја сакаат деструктивната политика на ЗЗ и СДС кои ја уназадија нашата држава со години. Над 90 илјади граѓани кои поддржуваат бесплатно образование, отворање нови работни места, повисок стандард, нови спортски сали, нови автопати, нови паркови, нови аеродроми, безброј нови работи и проекти корисни за граѓаните.

Од друга страна, над 90 илјади граѓани се спремаат да бидат дел од најмасовниот собир кој воопшто се случил во Република Македонија. Над 90 илјади граѓани кои ја поддржуваат полицијата и се против дестабилизацијата на Македонија.

Едните протестираат, другите поддржуваат. Во принцип секогаш се покажало дека позитивната енергија преовладува и ја неутрализира негативната. Така ќе биде и овој пат, Ве уверувам. Но, после ова, СДС и пајташите кои ги уништија нашите детства и младоста на нашите родители, ги загорчија животите на нашите баби и дедовци, ќе отиде во историјата и нема никогаш повеќе да се врати.

Протестираат за кога ќе дојдат на власт повторно да си купуваат ѓердани едни со други во министерствата наместо да градат нови болници низ цела Македонија. Протестираат за да местат тендери како во вилаетот на Заев, таканаречен Заевленд од каде потекнува фамозната менувачница на Виц’то и тоа строго по роднинска линија едни на други. Протестираат за повторно високото образование и стипендиите да бидат лотарија во која добиваат само оние што се деца на СДС. Протестираат за да играат во стари, истрошени спортски сали, со искршени прозорци во кои е ладно во зима, наместо во нови изградени низ целата Република. Протестираат за да нивните деца учат во старите клупи во училиштата и да пишуваат на старите табли од титово време, наместо да се гордеат со нивните училници каде што се реконструирани над 140 училишта. Протестираат за да бидат отпуштани од работа како во криминалната приватизација, наместо да работат во ново отворените фабрики во индустриските зони.

Е па ВИ ВЕТУВАМ НА СИТЕ МЛАДИ КОИ СИ ЈА САКАТЕ СВОЈАТА ТАТКОВИНА! Нема да дозволиме да се вратат мрачните деведесетти каде што се случуваше сè најлошо. Нема да дозволиме да ни ја распродаваат државата, нема да дозволиме да играме по туѓи странски ноти кои ги играат во СДСМ, нема да дозволиме да ни го сменат пак знамето, нема да дозволиме да ни го распродаваат името како во деведесеттите, нема да дозволиме да се затвараат фабрики, нема да дозволиме да бидеме последни во се во светот како што беше случај додека беа на власт СДСМ.

Бидејќи се работи за нашата татковина. Бидејќи немаме друга. Бидејќи сите ние ја сакаме вистински, а не лажно како СДСМ. Вечерва во 20 часот се гледаме сите на најголемиот и најмасовен собир во Република Македонија, бидејќи ја сакаме МАКЕДОНИЈА СИЛНА!

XS
SM
MD
LG