Достапни линкови

Европски проект за беспилотни летала


Италија, Франција и Германија денеска се согласија да развиваат заедничка програма за беспилотни летала, со цел да ја намалат зависноста од американска и израелска технологија. На церемонијата на потпишување на договорот во Брисел, учествуваа министрите за одбрана на трите земји. Интерес да му се приклучат на овој проект, изразиле и Шпанија и Полска. Европските беспилотни летала би требало да бидат оперативни од 2025-та година.

XS
SM
MD
LG