Достапни линкови

Кумановските настани не го нарушија соживотот во Охрид


По ова што се случи мислам дека Албанците и Македонците повеќе се здружија. Не влијаеше ова ништо. Овој пат не повлече контра-реакции на она што тие го очекуваа, вели бизнисмен од Охрид.

Албанците и Македонците, Турците и Ромите и понатаму заедно го пијат првото утринско кафе во Старата турска чаршија во Охрид. Кажуваат дека настаните во Куманово воопшто не влијаеле врз соживотот помеѓу нив, напротив, велат дека уште повеќе придонеле да се зацврсти меѓусебната доверба и пријателство кое го негувале и нивните прадедовци.

Помеѓу нас нема разлика, ние како браќа живееме. Мислам дека во цела Македонија не се почувствува некаква поделба. Овие сакаат да не разделат, но разделба нема кај нас.

„Помеѓу нас нема разлика, ние како браќа живееме. Мислам дека во цела Македонија не се почувствува некаква поделба. Овие сакаат да не разделат, но разделба нема кај нас. Јас имам соседи Македонци. Маалото каде што живеам е целото со Турци, има три четири фамилии Македонци. Свадба да се прави тие се на прва маса и затоа нема шанса да не разделат. Ние сме живееле и ќе живееме заедно и на тоа ги учиме и нашите деца“, вели еден жител на Охрид од турска националност.

Охриѓани велат дека она што се случило во Куманово предизвикало чуство на страв кај нив за иднината на државата и младите генерации. Барааат наместо тоа, да се мисли на повеќе еконимија и подобар стандард на граѓаните.

Треба младите да се вработуваат, но ете слушаме дека навистина се вработуваат, но се вработуваат повеќе во странство.

„Па секаде има влијание. За сите луѓе е лошо ова што го минавме. Не е убаво ова. Ние сите сме исти, само еден, двајца луѓе можат да направат бунт. Некој столот го сака“, вели еден охриѓанец.

„Треба младите да се вработуваат, но ете слушаме дека навистина се вработуваат, но се вработуваат повеќе во странство. Си одат младите во странство со бугарски пасош. Секаде тешко се живее“, вели еден охриѓанец.

Еден бизнисмен Албанец од Охрид, вели дека во неговиот дуќан и понатаму најбројни муштерии се Македонците.

„По ова што се случи мислам дека Албанците и Македонците повеќе се здружија. Не влијаеше ова ништо. Овој пат не повлече контра-реакции на она што тие го очекуваа“, вели бизнисмен од Охрид.

„Мислам дека најмногу ќе се зацврсти довербата помеѓу луѓето кои живеат овде без разлика на вера, националност. Ќе покаже Куманово дека имаме заеднички соживот за да ја градиме оваа држава. Во Охрид има едно незадоволство и разочараност и не се расположеност бидејки се уништи туризмот и нема толку туристи“, рече Есат Арслани од Охрид.

XS
SM
MD
LG