Достапни линкови

Кери: Мора да се засили притисокот врз Северна Кореја


Американскиот државен секретар Џон кери повика на поголем притисок врз Северна Кореја, оценувајќи дека Пјонгјанг не прави ништо за денуклеаризација на земјата. На прес конференција во Сеул, Јужна Кореја, Кери изјави дека Северна Кореја продолжува со развој на нуклеарно оружје и тестирања, со што ги крши сите ветувања и меѓународни норми. Кери искажа и серија критики за северно-корејскиот лидер Ким Џонг Ун. Кери во Сеул оствари средби со јужно-корејските лидери, по што оцени дека меѓусебното сојузништво никогаш не било посилно.

XS
SM
MD
LG