Достапни линкови

Заробени руски војници во Украина


Украинската армија соопшти дека заробила руски војници кои се бореле на страната на проруските бунтовници во источна Украина. Портпаролот на армијата Андриј Лисенко изјави дека станува збор за двајца војници кои сега се наоѓале во затвор во Шчастија, во близина на линијата на фронтот. Русија ги отфрла наводите дека испраќа сили да им помагаат на бунтовниците, но признава дека извесен број руски граѓани се борат заедно со сепаратистите во регионите на Луганск и Доњецк.

XS
SM
MD
LG