Достапни линкови

Ирачкиот град Рамади под контрола на ИД


Милитантната група Исламска држава вчера ја презеде контролата врз Рамади, главен град на западната ирачка провинција Анбар, истерувајќи ги ирачките сили од градот и покрај воздушната поддршка предводена од Соединетите држави. „Рамади падна“ изјави Муханад Хаимур, портпарол на гувернерот на Анбар, додавајќи дека војската избегала. Претходно ирачкиот премиер Хајдар ал Абади им нареди на безбедносните сили да не ги напуштаат нивните позиции во Анбар, а на шиитските милиции им порача да бидат подготвени да влезат во провинцијата во која доминираат сунитски муслимани. Најмалку 500 цивили загинале од почетокот на офанзивата на милитантите на ИД во Рамади.

XS
SM
MD
LG