Достапни линкови

logo-print

Повеќе од два часа трае анти - владиниот протест пред зградата на владата на Република Македонија.

Пред зградата на Владата во Скопје во е тек протестот против актуелната влада на кој сесобраа десетици илјади граѓани од цела Македонија. Може да се видат македонски, албански, турски знамиња.

На крстосницата во близина на зградата на Владата има поставена голема бина, а преку разглас се слушаа „бомбите“ кои досега ги објавуваше СДСМ. На учесниците на протестот досега им се обратија повеќе говорници, од невладиниот сектор, активисти, уметници и новинари. Некои и се забавуваат.

До протестот доаѓа по повеќе од 3- месечно објавување на прислушувани телефонски разговори меѓу, како што тврди опозицијата, највисоките претставници на власта, од кои може да се слушнат сите нивни криминални активности.

Пред Владата може да се забележат репортажни возила на медиуми од регионот

XS
SM
MD
LG