Достапни линкови

Времето денеска: претпладне сончево, попладне облачно


Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Утринската температура ќе биде во интервал од 9 до 15, а дневната од 23 до 30 степени.
Во Скопје претпладне сончево со умерена облачност. Во поладневните часови во Скопската котлина ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи.
Утринската температура ќе биде околу 12, а дневната ќе достигне до 28 степени.
Во наредните три дена ќе има услови за локални врнежи од дожд, особено во вторник. Дневната температура ќе опадне за 2 до 4 степени во однос на температурата од викендот.

XS
SM
MD
LG