Достапни линкови

logo-print

Груевски: проѕирен обид на Заев за манипулација


Проѕирен обид за манипулација со граѓаните, вака премиерот Никола Груевски ги квалификува прислушуваните разговори што денеска ги објави СДСМ.

Никола Груевски и оваа Влада имаа девет години. Ако сакаа да го променат името, тоа ќе го направеа. Но, очигледно, тоа досега не е сторено. СДСМ е таа што го смени името, неполни две години откако дојде на власт кон крајот на 1992 година. Веќе во 1994-та со манипулација кон граѓаните и без да ги консултира на референдум, прифати да се викаме Поранешна Југословенска Република Македонија. Го излажаа народот дека тоа ќе биде само два месеца. Тоа кореспондира и со денешното однесување на Заев кој јавно кажува дека тој би ја свиткал кичмата и дека сите ние треба да ја свиткаме кичмата, рече Груевски во гостувањето на вестите на Сител телевизија.

Од прислушуваните разговори, додаде премиерот, се гледа дека станува збор за размена на мислења, а тоа и работа на Владата - да разговара и да бара решение за прашањето со името.

-Ова денеска му беше проѕирен обид на Заев да не претстави како луѓе кои едвај чекале да се промени името и кои се бореле за такво нешто. Напротив, сме користеле можност и кога може во неформални разговори, да се тестираат некои работи. Многу луѓе се нуделе за посредници и ние не ги одбивавме. Со Нимиц не се сеќавам колку пати сме разговарале. Тоа е наша обврска - да разговараме, да бараме решение, да најдеме компромис кој би бил прифатлив за мнозинството на македонскиот народ. Нема никакво отстапување од тоа што сум го кажал, подвлече Груевски.

XS
SM
MD
LG