Достапни линкови

Иран ќе ги штити „угнетените народи“ во регионот


Иранскиот врховен водач, Ајатолахот Али Хамнеи изјави дека Техеран ќе му помогне на угнетениот народ во регионот колку што е во негова моќ. Според државната новинска агенција ИРНА, Хамнеи рекол дека Јемен, Бахреин и Палестина се угнетени и оти Иран ќе ги заштител тие народи онолку колку што може.

Коментаторите велат дека лидерите на земјите од Арапскиот залив ќе ги толкуваат овие изјави како уште еден доказ дека Иран сака да го прошири влијанието во регионот. Лидерите на овие држави деновиве се сретнаа со американскиот претседател Барак Обама, кој ги увери дека Вашингтон ќе ги заштити од надворешните закани, вклучувајќи ги и "дестабилизирачките активности" од страна на Иран.

XS
SM
MD
LG