Достапни линкови

logo-print

Заев: Груевски се пазарел за уставното име на Македонија


Денеска ќе слушнете кои биле вистинските преговарачи за промена на името на државата, рече лидерот на СДСМ Зоран Заев на почетокот од денешната прес конференција. Не биле тоа официјалните преговарачи на Македонија во ОН Никола Димитров или Зоран Јолевски, не бил ни тогашниот министер за надворешни работи Антонио Милошоски, не бил директно дури ни Никола Груевски, тој слушал. А уставното име на Република Македонија под маса во тајни простории со познатиот грчки бизнисмен, бизнис партнер на Никола Груевски и неговиот братучед Сашо Мијалков, човекот кој преговараше за продажбата на рафинеријата ОКТА, по сите информации заштитниот сведок на власта кој го местеше Љубе Бошкоски дека наводно го продал името на државата, со тој човек, Емануел Малезис, познат како Маноли, рече Заев, преговарал кој друг, ако не лично Сашо Мијалков. Мијалков се пазарел за уставното име со грчкиот партнер Маноли.

Од аудио разговорите ќе стане јасно дека Никола Груевски лажел кога тврдел дека не се пазари за уставното име на земјата. Се пазарел, истакна Заев. Не е точно дека не разговарал за идентитетските прашања. Разговарал и ги договарал. И не само што Груевски и Мијалков го правеле сето ова, туку го правеле заткулисно, рече Заев на почетокот од објавувањето на т.н. бомба на опозицијата.

XS
SM
MD
LG