Достапни линкови

СДСМ за денеска најавува нова „бомба“


Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска ќе одржи прес конференција, се вели во соопштението од оваа партија. Слушнете ја Вистината за лажниот патриотизам на Груевски во 14:30 часот, се наведува во информацијата и на Фејсбук профилот на Заев. Медиумите најавуваат дека на прес конференцијата ќе бидат објавени нови прислушувани телефонски разговори.

Инаку, Заев вчера ја објави 32-та таканаречена бомба за криминалите на власта. Тој истакна дека од презентираните прислушувани разговори граѓаните ќе дознаат како е загрозена безбедноста и дека сите граѓани се жртви, на, како што ги нарече Заев, неколкумина непресметливи луѓе во службите за безбедност.

XS
SM
MD
LG