Достапни линкови

Смртна казна за Морси и уште 100 членови на Муслиманско братство


Судот во Египет ги осуди на смрт поранешниот претседател на државата Мохамед Морси и уште 100 други членови на Муслиманското братство за наводно организирање на масовно бегство од затвор во 2011 година. Морси, кој пресудата ја слушал на обвинителна клупа во кафез, ги подигнал тупаниците во знак на револт кога судијата ја соопштил казната. Смртните пресуди сега ќе бидат испратени до врховните религиски власти за мислење, пред да бидат извршни.

Групите за човекови права ги обвинија египетските власти за масовни злоупотреби во нападите врз поддржувачите на Братството, како и врз секуларни активисти, кои ги негираат обвинувањата.

Морси беше прв слободно избран претседател на Египет. Тој беше соборен од страна на војската во јули 2013 година по неколкудневните масовни протести. Морси сега отслужува 20-годишна затворска казна под обвиненија поврзани со убиството на демонстрантите пред претседателската палата во Каиро, во декември 2012 година.

XS
SM
MD
LG