Достапни линкови

logo-print

Продолжуваат борбите меѓу сириските сили и ИД


Според последните извештаи борбите меѓу милитантите на Исламската држава и сириската армија продолжуваат во историскиот град Палмира. Според Сириската опсерваторија за човекови права, борбата е фокусирана во близина на тврдината во античкиот град. Организацијата со седиште во Велика Британија соопшти дека милитантите на Исламската држава егзекутирале 23 луѓе, вклучувајќи девет малолетни лица и пет жени во областите кои не се под државна контрола надвор од градот. Ова е второто масовно егзекутирање од страна на Исламската држава неделава во областа околу 240 километри североисточно од Дамаск. Најпрво, опсерваторијата соопшти дека џихадистите егзекутирале 26 мажи, а обезглавиле десетина од нив. Офанзивата на Исламската држава во централна Сирија, е дел од притисоците со кои се соочуваат владините сили од крајот на март во четиригодишната војна.

XS
SM
MD
LG