Достапни линкови

logo-print

Воена акција против пакистанските Талибанци


Пакистанската армија погоди осомничени талибански цели во планинскиот северозападен регион на Северен Вазиристан. Воени авиони бомбардираа осомничени талибански скривалишта во главно пошумените области на долината Шавал. Најмалку 15 милитанти, наводно, биле убиени во нападите, опишани од страна на неименуван официјален претставник на владата како "масовна воена акција." Жителите информираат дека тенкови и војници се приближуваат кон долината од север и југ. Пакистанските Талибанци ги контролираат речиси сите области на Северен Вазиристан, додека војниците ја започнаа долгоочекуваната офанзива во јуни, 2014 година Талибанците се уште ги држеа под контрола Шавал долината и го користат како отскочна штица за напади врз пакистанските сили. Пакистанските Талибанци се во сојуз со авганистанските Талибанци и делат слична џихадистичка идеологија. Сепак, работат како посебен ентитет, фокусирајќи се на соборувањето на пакистанската држава и воспоставување на целосно исламистичка власт.

XS
SM
MD
LG