Достапни линкови

Исламската Држава го презеде Рамади


Ирачката војска соопшти дека ќе испрати повеќе трупи во Рамади, откако Исламската држава ја презеде контролата над поголемиот дел од главниот град на провинцијата Анбар во западниот дел на Ирак, и го подигна црното знаме над зградата на Владата. Ирачки воен претставник изјави дека "околу 90 отсто од Рамади сега е под контрола на Исламската Држава додека Ројтерс, исто така, објави дека поголемиот дел од градот бил окупиран. Ако Рамади падне, тоа ќе биде прв голем град запленет од страна на бунтовниците во Ирак, откако безбедносните сили и паравоените групи почна да ги протеруваат минатата година. Рамади, 110 километри западно од Багдад, е еден од ретките градови кои останаа под контрола на владата во огромно пустината провинција Анбар, која граничи со Саудиска Арабија, Сирија и Јордан. Американските воени претставници ги минимизираа придобивките на милитантната група, укажуваќи дека претеруваат. Но потпретседателот Џо Бајден вчера зборуваше со ирачкиот премиер Хајдер ал Абади и вети дека САД ќе ја забрза американска помош за ирачките сили.

XS
SM
MD
LG