Достапни линкови

Ципрас: Грција не отстапува од своите „црвени линии“


Премиерот на Грција Алексис Ципрас изјави дека Атина и кредиторите пронашле заедничка почетна точка во преговорите, но Владата нема да отстапи од своите „црвени линии“ како што е одбивање за намалување на платите и пензиите. Ципрас синоќа рече дека двете страни се договориле за фискалните цели и ДДВ, но не се согласуваат за прашањата кои се однесуваат на вработените и пензиските реформи. Премиерот на Грција додаде дека договорот треба да содржи и низок примарен буџетски суфицит за 2015/2016 година и реструктуирање на долгот.

XS
SM
MD
LG