Достапни линкови

logo-print

Антивладини протести во близина на Влада


За демонстрантите и денеска е забранет пристап до Владата. Тие положија банери на кои пишува „Збогум Никола“, „Оставки“, „Нема амнестија“, пред полицијата која го блокира булеварот Св Климент Охридски. Луѓето кои протестираат бараат оставки и одговорност од целата влада, да се пуштат притворените од 5 Мај и да се формира влада за демократизација на институциите. Засега на протестите има неколку стотина луѓе. Претходните денови, откако не им беше дозволено да протестираат пред Влада, се упатуваа кон Основниот суд 1, а протестот завршуваше пред Собранието.

XS
SM
MD
LG