Достапни линкови

logo-print

Обновени преговорите за обединување на Кипар


Mустафа Акинџи

Mустафа Акинџи

Преговорите за обединување на Кипар, под покровителство на Обединетите нации беа обновени денеска по осуммесечен застој.

Лидерите на кипарските Грци и Турци се договорија да усвојат мерки за изградба на доверба како нов обид за решавање на деценискиот спор околу кипарското прашање.

Кипарскиот претседател Никос Анастасиадис и новоизбраниот лидер на кипарските Турци, Мустафа Акинџи се сретнаа во одмаралиште во Никозија.

Анастасиадис и Акинџи ја споделија заедничката визија за обединување на Кипар, изјави специјалниот пратеник на Обединетите нации Еспен Барт Аиде пред новинарите по завршувањето на средбата, која траеше околу четири часа.

Аиде истакна дека двајцата лидери покажале добра волја за постигнување на сеопфатно решение

XS
SM
MD
LG