Достапни линкови

Истрага на Косово поврзана со судирите во Куманово


Специјалното обвинителство на Косово соопшти дека секој кој во последно време ја минал границата со Македонија ќе подлежи на истрага, но не прецизира точно за кој временски период станува збор, јави МИА.

Обвинителството ја потврди и денешната акција на косовската полиција која во неколку региони на Косово изврши претреси во куќите на лица за кои постојат сомнежи дека учествувале во вооружената престрелка во Куманово.

Според онлајн изданието на приштинскиот весник „Експрес“, во кофликтот за време на викендот во Куманово и официјално е потврдено учеството на одреден број Косовци.

Претходно, весникот јави дека косовската полиција врши претреси во куќите на Косовците учесници во воружената престрелка во Куманово и повикувајќи се висок полициски функционер наведе дека „се конфискуваат фотографии, документи, како и други доказни материјали за причините за вмешаност на овие лица во конфилкот во соседната земја“.

XS
SM
MD
LG