Достапни линкови

Заев – Партиските силеџии на ВМРО-ДПМНЕ ја загрозуваат безбедноста


Претседателот на СДСМ Зоран Заев рече дека партиските силеџии на ВМРО-ДПМНЕ со полициски значки ја загрозуваат безбедноста и оти сите граѓани се жртви на неколкумина непресметливи луѓе во службите за безбедност.

Глас 1: Леле Саша што беше ова бе!

Низ цел град се збори више. Да. Го фатил, овој нашиов го фатил тој таму најгласен што бил во навредите, во ова, го однел у WC, и го здробил.

Глас 2: Ха, ха, ха.

Глас 1: Леле, леле, леле. Што направи бе? Ама што направи ти бе?

Глас 2: Вмровска работа бе, еби му мајката.

Глас 1: Ја поштуем вашата работа многу.

Глас 2: Па ќе биде наша најмила. Ха, ха, ха.

Глас 1: Ама не си нормален човек. Што беа овие рафаливе.

Глас 2: Многу ми е жал што не си тука сега.

Глас 1: Е па не си ме викнал бе Сашо, само ти е жал, жал, и жал, и жал.

Глас 2: Ти само овие скапите работи ги гледаш. Остај ти Монте Карло, не е све Монте Карло во животот. Лисиче, ова-она.

Глас 1: Ќе мораш да се поправиш. Ти треба... Лисиче да знаеш...

Глас 2: А?

Глас 1: Лисиче е заебана општина.

Глас 2: Тука сме, војска е тука. Едно 50 души. Правиме овдека фешта.

Со овој звук започна денешната прес-конференција на опозицискиот СДСМ. Претседателот на партијата Зоран Заев изјави дека ова се аудио снимки од прислушуван разговор на досегашниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков и непознат соговорник. Ова не е дивиот запад, а човекот кој зборува не е каубој од филмовите, тој е братучедот на Никола Груевски, Мијалков, рече Заев на почетокот на прес-конференцијата.

Тој истакна дека од презентираните прислушувани разговори граѓаните ќе дознаат како е загрозена безбедноста и дека сите граѓани се жртви, на, како што ги нарече Заев, неколкумина непресметливи луѓе во службите за безбедност.

Во првиот разговор Заев вели дека се слуша како државните функционери Мартин Протоѓер и Гордана Јанкулоска зборуваат за своеволието на дел од припадниците на безбедносните служби кои се пресметале со други 20-тина колеги пред ноќен клуб.

Машки глас: Таму навредиле некој негова блиска личност на врата, сакала да влезе, ја навредиле. И овој идење со екипа, 20 души, вадење цел персонал. Вадење вратаритее, дробење од ќотек. Врзување со лисици за дрвото пред клубот.

Женски глас: Цццц, лелееее. Како бе така?

Машки глас: Низ цел град се збори више. Да. Го фатил, овој нашиов го фатил тој таму најгласен што бил во навредите, во ова, го однел у WC, и го здробил.

Женски глас: Лелеее.

Машки глас: Значи тој е здробен.

Женски глас: Добро бе, како...

Машки глас: А тие, тие од волците биле, тие што, од противничката екипа.

Женски глас: Тепаниве?

Машки глас: Да, да.

Ако Груевски си го има Урко, Мијалков го има Утка, рече Заев, додавајќи дека Утка бил локален шериф во Струга за време на изборите. Заев посочи дека од прислушуваните разговори се заклучува оти ни претставниците на ОБСЕ не можеле да ја натераат Јанкулоска да го повлече.

СДСМ објави и телефонски разговор на кој тврди дека се слуша како премиерот со досегашниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески договараат како да ги „разубават“ зградите кај хотел Бристол.

Машки глас 1: Ја го имам пикирано она земјиште, знаеш каде, спроти Бристол. Што остана, нели на едниот ќош ставивме две згради кај што е и гаражава.

Машки глас 2: Добро.

Машки глас 1: А на другиот ни остана не стаен, ама многу ќе се будат станарите у п___ матер. Регулаторни, некои ќе најдеме, да се изгради некоја убава, така барокна зграда.

Машки глас 2: Многу е начичкано таму ептен. М? Сообраќано решение...

Машки глас 1: Знам дека е начичкано, ама со грди згради е начичкано, сакам да го разубавам просторот.

Машки глас 2: Ај да испитаме имотно-правна состојба, како е таму, што...

Машки глас 1: Испитај имотно-правно и види како да најдеме, преку кого, како гласале во таа зграда.

Машки глас 2: Е, ги имаме тие податоци во центар.

Машки глас 1: Провери го тоа, па другата недела јави ми. Ако гласале за СДСМ, кој ги ебе, и вака и така ќе ги губиме, нема да гласаат за нас, да тераме.

Заев изјави дека власта не поднесува критички новинари, сурово се пресметува со неистимисленици, а работи и на уништување на меѓуетничкиот соживот, а тоа го прави преку маски.

Заев објави и сет од аудио разговори во кои, како што вели, се слуша како министерката Јанкулоска и портпаролот Иво Котевски договараат како медиумски да се пласира случајот со полицаецот од Гостивар, за кој што се тврдеше дека во самоодбрана убил двајца Албанци.

Од аудио снимките што ги објави Заев може да се слушне како тие двајца договараат како девојчето, ќерката на полицаецот медиумски да се злоупотреби, со тоа што на провладините медиуми ќе ја снимаат како таа плаче, во разговори со психолози да се објаснело како убиството пред нејзините очи може психички да и влијае,и дека сето тоа треба добро да се пласира на дел од провладините медиуми.

Од уредување на вести, до режирање на прилози, преку сурови пресметки со неистомисленици е лицето на власта, смета лидерот на опозицијата.

На најавениот протест в недела, Заев истакна дека ќе присуствуваат и европски пратеници и дека се вложуваат напори да се обезбеди присуство на граѓани од сите градови, иако, како што вели, власта им прави опструкции.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG