Достапни линкови

logo-print

Романски министер осуден поради злоупотреби со гласњето на референдум


Ливиу Драгнеа

Ливиу Драгнеа

Врховниот касациски суд на Романија денеска го осуди министерот за регионален развој и управа Ливиу Драгнеа на еднагодишна условна затворска казна, поради изборни измами за време на референдумот за смена на претседателот Трајан Басеску во 2012 година.Судот го осуди Драгнеа, извршен претседател на Социјалдемократската партија , бидејќи го „искористил своето влијание“ во партијата, каде во тоа време бил генерален секретар, за добивање „изборна предност“, соопшти обвинителството.Според обвинителството, тој „координирал со сложен механизам во кој биле вклучени повеќе лица врз кои имал влиајние, со цел да ги измени резултатите кои се однесувале на учеството во гласањето“. Обвинителите тврдат дека Драгнеа и уште 74 други обвинети лица користеле имиња на починати лица, повеќекратно гласање, изборен туризам, фалсификување на потписи, за да ја зголемат излезноста на референдумот за истиот да признаен за валиден.

XS
SM
MD
LG