Достапни линкови

logo-print

Заев: Непресметливи луѓе во безбедносните служби и во власта на Груевски


Лидерот на СДСМ Зоран Заев ја почна денешната прес конференција со аудио снимки на кои се слуша телефонски разговор на тогашниот директор на УБК Сашо Мијалков со непознат соговорник, а во позадина се слуша музика и славје, додека се е проследено со истрели од огнено оружје. Добро слушнавте, рече Заев. Ова не е на Дивиот запад, ова е во Република Македонија. Човекот кој зборува не е каубој од филмовите, тоа е братучедот на Никола Груевски, 9 години директор на УБК. Калашниковите и истрелите се и од оружје на државните безбедносни сили на Македонија, злоупотребени во рацете на паравоените структури што вежбаат, се обучуваат и „хараат“ низ земјата под команда на Сашо Мијалков за целите на Никола Груевски, истакна Заев.

На денешната прес конференција ќе слушнете и ќе ви стане јасно колку навистина е сериозна ситуацијата во Македонија, дека си имаме работа со непресметливи луѓе во безбедносните служби и во власта на Груевски и дека тие се сериозна закана и за професионалците во полицијата и за безбедноста на граѓаните, изјави Заев на почетокот од објавувањето на т.н. бомба на опозицијата.

XS
SM
MD
LG