Достапни линкови

Средношколскиот пленум го става во мирување бојкотот на наставата


Средношколскиот пленум го распушта кампот во паркот спроти Министерстото за образование и наука и го става во мирување бојкотот на наставата. Одлуката ја донеле вчера, на нивниот последен генерален пленум во оваа учебна година.

Очекуваат до почетокот на новата учебна година МОН да го реши нивниот проблем, а со тоа и дека нема да го активираат бојкотот од 1 септември.

„Бидејќи временскиот рок не дозволува промена на екстерното тестирање, Пленумот го распушта кампот и го ставаме во мирување бојкотот, не би ли се свестило Министерството и не би ли дозволило негово повторно активирање. Имате време од цел летен распуст да ги средите работите. Грешките кои ги направивте, да ги исправите“, изјави Исмет Шабановиќ од Средношколскиот пленум.

Пленумот е незадоволен од МОН кое со игнорантскиот однос дозволило колапс на средното образование во последните шест недели.

XS
SM
MD
LG